Како одеднаш да ги внесете сите витамини и минерали неопходни за цел ден?

Промената на темперетурата влијае на адаптацијата на организмот на временските прилики. Затоа овој период кога имаме пониски утрински температури, организмот е помалку отпорен. Додека брзиот начин на живот не ни дозволува секогаш да ги внесуваме потребните состојки.За да не дојде до исцрпеност на организмот и за помалку да чувствуваме умор важно е да го поддржиме со витамини.

Затоа важно е да внесуваме додатоци во исхраната, витамини и минерали потребни за нормално функционирање на нашето тело, но и за да обезбедат силен имунитет, детоксикација  и целосна заштита на организмот од оштетувања и стареење.

Природни додатоци неопходни за нормално функционирање на  мускулно скелетниот и нервниот систем, за подобар метаболизам, за обнова на крвните клетки. Мултивитамински додаток каков што е Мега Мултивитаминот од Натура Терапи кој помага за одржување на здраво срце и функционалност на крвните садови, црниот дроб, цревата и другите органи, превенирајќи истовремено од анемија.

Мега мултивитаминот е наменет за сите возрасни лица кои сакаат добро здравје и виталност, кои имаат потреба од повеќе енергија и да го спречат стареењето, а кои имаат динамичен живот и не секогаш имаат доволно време за да обрнат внимание на исхраната. А од неодамна има производ и за деца.

Содржи комплекс на витамини од групата А, Б, Д, Е, Магнезиум, Железо, Селен и Хром, фактички се што му е потребно на организмот. Уште поважно што овој производ  за разлика  од останатите мултивитамини, покрај важните минерали и витамини содржи и екстракти од супер овошја, растителни екстракти и екстракти од медицински печурки. Токму тие додадени екстракти и целата комбинација обезбедува многу антиоксиданти кои се неопходни за успорување на стареењето и заштитата на клетките, детокс и подобрување на имунитетот.

Со Мега Мултивитаминот многу лесно и практично, со само 1 голтка, два пати во текот на денот внесуваме се што ни е потребно. Овој сируп кој треба да стои во фрижидер, со секое негово отварање практично не потсетува да ја земеме неопходната дневна доза!

Земањето на потребните витамини и минерали и други животно потребни состојки, никогаш не било полесно. Треба да се проба!

Translate »