Eкспресно санирани последиците од поплавите во Ист Гејт Мол

Водата која надојде од булеварот Александар Македонски во гаражниот дел од Ист Гејт Мол експресно е исцрпена.

Целиот простор е саниран, и се спроведени неопходните активности тој да биде функционален и безбеден. Нивото на приземје како и повисоките катови од молот воопшто не беа засегнати од поплавата. Погодените нивоа од поплава беа ниво минус 2 и минус 1 од центарот, кои сега како што може да се забележи од фотографиите се во одлична состојба, спремни да ги дочекаат посетителите.

ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall07.JPG
ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall05.JPG
ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall01.JPG

Просторот се чисти, дезинфицира и се враќа во функција, и граѓаните може да бидат сигурни во својата безбедност. Посетителите  повторно можат да уживаат во огромната понуда од реномирани продавници и бројни други содржини, велат одговорните во Ист Гејт Мол.

ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall09.JPG

Отворите за канализација на булеварот Александар Македонски се отпушени, а од страна на техничките служби во молот превземени се дополнителни превентивни и безбедносни мерки за спречување на случаи од овој тип во иднина.

ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall08.JPG

Центарот е подготвен за своите посетители, а отворањето ќе биде објавено на социјалните мрежи.

ekspresno-sanirani-posledicite-od-poplavite-vo-east-gate-mall04.JPG
Translate »