Еднаш ја прашале Дајана дали Чарлс може да биде крал – таа немала ни грам дилема, нејзините зборови денес посебно одекнуваат

Принцот од Велс официјално стана крал на Велика Британија, а пред неколку децении неговата поранешна сопруга принцеза Дајана, која почина на 31 август во сообраќајна несреќа во Париз, кажала што мисли за тоа дали синот на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип можат да ја понесат круната.

Што Лејди Ди мислела за Чарлс како крал откриено било во емисијата „Дајана: Вистината зад интервјуто“, која била емитувана во Велика Британија. Интригантните изјави на омилената принцеза ги открил поранешен уредник на „Дејли мејл“, Макс Хејстингс.

„Ми кажа дека е страшно нетрпелива што приказната ќе се објави јавно. И, поминав неколку часа со Дајана и таа направи прекрасно шоу. Мислам, кажа апсолутно интересни работи“, кажал Хејстингс чие интервју со Дајана со наслов „Би-би-си Панорама шоу“ било емитувано во 1995 година.

Меѓутоа, не биле прикажани сите делови од тој разговор, па подоцна истите биле изнесени во јавност.

„Беше јасно, пред сè колку го мразеше Чарлс. Да, го мразеше. И кога ја прашав – дали некогаш имало среќни моменти, кажа: Не, бракот беше пекол од првиот ден“, раскажал тој, па продолжил:

„Рече дека ѝ значи само наследството на Вилијам на престолот. Ми кажа целосно експлицитно: Мислам дека Чарлс тоа не може да го направи. Исходот којшто сакаше да го види е Чарлс да се откаже како престолонаследник за Вилијам да го заземе тронот. Беше тоа прилично драматична работа“.

Дајана умеела да каже дека ѝ е важно нејзиниот син да го пронајде мирот во животот.

Принцезата од Велс како што гласи титулата која ја имала Дајана, а која првпат после неа ја понела Кејт Мидлтон – по смртта на кралицата, била во брак со Чарлс од 1981 до 1996 година. Се разделиле пред разводот, а тој во 2005 година се венчал со Камила.

Познато е дека врската на Камила и Чарлс придонела во кршливоста на бракот на Лејди Ди и во тоа време принцот од Велс, како и дека таа афера го нарушила нејзиното психичко здравје.

„Бевме тројца во нашиот брак, така што беше малку метеж“, изјавила Дајана.

Translate »