Џо Бајден: војната во Украина е на пресвртница, но дали брзо ќе заврши?

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во Вилмингтон дека Украина постигнала значителен напредок во својата контраофанзива против руската армија, но дека не може да се каже дали војната е на пресвртница.

На новинарско прашање дали војната во Украина е на пресврт, Бајден вчера рече дека е тешко да се одговори, но дека смета дека конфликтот ќе се одолговлекува, пренесува Ројтерс.

Во последните денови, украинската армија постигна значителен напредок во својата контраофанзива против руските сили во областа Харков во источна Украина,пренесе Танјуг.

Translate »