ЦЕНОВЕН ХАОС, ЛЕБ 5 ЕВРА-КОИ ЗЕМЈИ СЕ НАЈПОГОДЕНИ: Полиците се празнат, Европската Унија пред колапс
Годишната стапка на инфлација во ЕУ во август беше 11,4 отсто, во јуни 9,6 отсто, а во мај 8,8 отсто.
Цените најбрзо пораснаа во Естонија, а најбавно во Малта. Европската комисија ги ревидираше економските прогнози за оваа и следната година, а вработените се закануваат со штрајкови. Највисоки годишни стапки на инфлација се регистрирани во балтичките земји – во Естонија (22 отсто), Литванија (20,5 отсто) и Летонија (19,2 отсто), додека цените најбавно пораснале во Малта (6,1 отсто), Франција (6,5 отсто) и Финска (8,1 отсто), објави Еуростат, потсетувајќи дека лани во јуни стапката на инфлација во ЕУ беше 2,2 отсто.
Во еврозоната енергенсите најмногу поскапеа на годишно ниво, очекувано, за 42 отсто, додека свежото овошје и зеленчук поскапеа за 11,2 отсто. Потоа следат храната, алкохолните пијалоци и тутунот, кои во август, во однос на истиот месец од 2021 година, поскапеле за 10,2 отсто. Сегашната стапка на инфлација на територијата на Унијата е највисока од нејзиното формално конституирање во 1992 година.
Пред почетокот на поскапувањата, на почетокот на оваа година, растот на цените во ЕУ беше континуирано на релативно ниско ниво, при што стапката на инфлација остана под три проценти во периодот од јануари 2012 до август 2021 година.
НЕЗАДОВОЛСТВО НА РАБОТНИЦИТЕ
Зголемената инфлација ги зголемува трошоците за живот, што истовремено го зголемува незадоволството на вработените ширум Европа. Euronews објави дека во Франција и Велика Британија железничарите штрајкуваат и бараат повисоки плати, откажани се бројни летови во Европа поради незадоволството на кабинскиот екипаж во авиокомпаниите, а слична е ситуацијата и со работниците на пристаништaта и на нафтените платформи во Германија. Жесток септември нашироко најавуваат просветните работници и комуналните работници во Шкотска.
Експертите забележуваат дека причината за овие проблеми е огромната рецесија и глобалната политичка криза. Тие исто така забележуваат дека проблемот е што Европа премина од една во друга криза и предупредуваат дека постои можно сценарио штрајковите да се претворат во глобален социјален бунт.
ЦЕНОВЕН ХАОС
Поскапувањата поради проблеми со снабдувањето предизвикаа голема паника кај граѓаните, а сега е речиси сигурно дека нема земја во Европа што не е засегната. Вестите на националните телевизии на земјите членки на ЕУ покажуваат реакции на граѓаните за новонастанатата ситуација.
Во Белгија лебот чини од 4,5 до 5 евра, а сметките за струја и до 300 отсто!
Подобра не е ситуацијата ниту во Португалија, каде што луѓето се револтирани од цените на храната. Купуваат зеленчук по парче, а потрошувачката кошничка е поскапа за 30 отсто. Во Италија граѓаните палеа сметки за струја на улица, бесни што дури и овошјето стана луксуз во оваа земја.
Ништо подобра не е состојбата ниту во Германија каде отворено посочуваат дека се жртви на санкциите што ги воведе Западот, а парното поскапи за цели 108 евра.
Големи недостатоци се чувствуваат и во нашето соседство и деновиве го доживуваат својот врв. Имено, полиците во продавниците, нема млеко, мелено месо, пилешко, брашно, шеќер…