Откриено што му рекол принцот Хари на постариот брат Вилијам во капелата: Читач од усни ги дешифрирал зборовите на скараните браќа
На вчерашната служба во капелата св. Џорџ во Виндзор, која била одржана по церемонијата во Вестминстерската опатија, се случила средба меѓу принцовите Вилијам и Хари.
Читач на зборови од усни открил што младиот принц Хари кажал.
Додека принцот Вилијам стоел на влезот во првиот ред, принцот Хари го прашал: „Да поминеме први?“.
Вилијам го погледнал својот брат и само кимнал со главата, пред на сопругата, принцезата од Велс да ѝ каже: „Пушти ги да поминат први“, Кејт на тоа одговорила: „Во ред“, а потоа Хари и Меган поминале покрај неа, принцот Џорџ и принцезата Шарлот и ги зазеле своите места.
Вилијам на прашањето на својот брат одговорил со кимнување на главата, а потоа како шлаг на тортата следело „во ред“ од Кејт Мидлтон.
Сепак, за многумина тоа било доволно покрај турбуленциите во однос на принцовите и фактот дека во саботата вечерта во Вестминстер салата тие оделе одвоено.
„Добро е што воопшто комуницираат“, можело да се слушне откако било објавено видеото од нивната средба во Виндзор.
Добро е и што Меган, Хари, Кејт и Вилијам седеле во ист ред. Добро е и што оделе еден покрај друг на погребот од кралицата. И, сега одвај се чека продолжението да се види што ќе се случи по денот на жалоста во Британија на 26 септември.
Дали примирјето е започнато пред десеттина дена во Балморал каде браќата заедно со сопругите ги поздравувале собраните граѓани и дали истото ќе има подолг рок на траење? Останува времето да покаже.