Здрава храна која ќе ве подготви за велигденските пости

Февруари е месецот кога обично се „будиме“ од зимскиот сон и полека ги почнуваме подготовките за враќање во посакуваната физичка форма.
Како да се вратиме на добрите и здрави прехранбени навики во пресрет на Велигденските пости?
Потребно е трпение и зголемено ниво на самоконтрола, но не е вооошто тешко ако знаете која храна ви годи и е добра за вас.
Најдобро е да се започне постепено, со мали чекори и промени во исхраната уште пред да започнат постите. Па така, утре наутро наместо да се одлучите да се почестите со четвртина бурек, направете го мудриот избор и одберете вкусна, ПОСНА и ВЕГАН паштета! Виталиа Веган паштетите се вкусни намази без холестерол, имаат ниско ниво на заситени масти, а се одличен извор на растителни влакна и протеини потребни за организмот. Направени на база на соја зрна, тие се проверено добар избор за сите оние кои сакат да избегнат консумирање на месо, а истовремено се и посни и нема да ви предизвикаат грижа на совест или да ви го нарушат велигденскиот пост. Покрај тоа, четирите вкуса на паштетите ќе ви понудат различен избор и ќе ви гарантираат дека никогаш нема да ви недостасува разновиден избор на вкусна храна. По долгиот период на тешка храна, освежете го организмот со храна која навистина му годи!


А потоа, почнува навистина предизвикувачкиот дел – да се издржи целиот традиционален Велигденски пост. Некои од луѓето го прават тоа од религиозни причини, а некои пак само сакаат да си постават предизвик и да ги исфрлат од телото сите непотребни, а наталожени токсини насобрани во текот на пост-новогодишниот период. Инструкциите пак, се исти за сите – посна храна од 27 февруари до 16 април – денот кога завршува постот.
Овој Велигденски пост можете да се осигурате дека ќе имате барем еден сигурен оброк на менито! Во малите пакувања гранола на Виталиа од 60 грама е спакувана вкусна, здрава, но и најважно – посна гранола, која ви дава опција да јадете храна која ќе ве засити со својот богат нутритивен состав, а истовремено ќе ви дозволи да ги испочитувате постите. Доволно е да потопите само неколку лажици гранола во бадемово или соино млеко, или пак да ја пробате како ужина, за да се уверите дека и здравата храна може да донесе огромно задоволство. А без млеко, таа може да претставува вкусна ужина за било кој дел од денот.
Ако случајно слатките работи не се ваш прв избор, секогаш можете да се свртите кон вкусните овесни крекери со 7 семиња, кои претставуваат одличен извор на протеини и се богати со растителни влакна. Поради нивните својства, тие ќе ви ја подобрат дигестијата, ќе ви дадат енергија и ќе ги задоволат вашите потреби за грицки.
Во текот на постот мора да бидете внимателни со изборот на храна и со дозирањето, со цел да не ја повторите грешката која ја прават многумина – да се оставите без нутриенти кои ќе ви обезбедат енергија или пак да се прејадете со еднолична храна која лошо му влијае на варењето.
Иновациите во прехранбената индустрија ни овозможија да се запознаеме со голем број видови здрава храна, кои до пред една деценија не знаевме ни дека постојат. Човекот никогаш немал поголем избор на храна на располагање, па затоа сега е многу полесно да се подмири дури и желбата за нешто слатко и вкусно, а сепак тоа да биде здраво за вас. А производите на Виталиа се тука да не’ потсетат дека сите овие иновации нам ни го прават животот полесен, поквалитетен, но и повкусен! Која и да е причината поради која постите – религиозна или пак индивидуална, тие ви нудат здрава опција која нема да ви предизвика грижа на совест кога ја консумирате.

Translate »