Еко акција “Да растеме заедно“ традиционално по 11 пат оваа сабота во ФОЈА

Градинарскиот центар ФОЈА во соработка со невладината организација “Коалиција боите на животот” и здружението “Art of living”, во сабота 13 мај, со почеток во 5 до 12 часот, во гарден центарот ФОЈА, организираат еколошка акција по мотото “Да растеме заедно“.

Оваа година е традиционален 11 ти пат. Настанот е едукативен и рекреативен, и опфаќа повеќе активности. На него присуствуваат љубителите на растенијата и здравата животната средина, заедно со своите најблиски. Се садат семиња, фиданчиња, се едуцира за многу теми поврзани со растенијата и нивната улога во нашата средина. Се одржуваат различни детски игри, а оваа година ќе има нов интересен гостин – ЖОНГЛЕР МАГИОНИЧАР 🤹

Идејата е да се промовира заштитата на животната средина, да се иницира партиципација на младите во еколошките активности од најрана возраст, да се создаде љубов кон растенијата и природата, како животен стил, и начин на живеење.

Влезот е слободен и сите се добредојдени. (Сите растенија кои се посадени се во сопственост на децата коишто ги посадиле, истите може да ги понесат дома.)

“Верувавме дека секое чувство за грижа и нега кон растенијата, сплотено со љубов и восхит за почитување на природата, може да се научи како што се расте. Со оваа Акција, во Светот на децата низ игра и интерактивност, ја внесуваме Природата, прилагодувајќи ги сите активности кон нивните можности. Да ги поттикнеме децата да им се радуваат на растенијата, но и да ги научиме и за љубовта и грижата кон природата. Велат дека дрвјата се белите дробови во природата, ве повикуваме сите заедно со здружени сили да придонесеме за почиста околина”, изјавија од Градинарскиот центар ФОЈА.

Translate »