Каков колаген да одбереме? Еве што препорачуваат експертите!
Веќе одамна е надминато прашањето за потребата од внесување колаген како додаток во исхраната. Она што се поставува како дилема е каков колаген ни е потребен? На пазарот се присутни различни колагенски производи со различна ефикасност и намена, па едни се за кожа, други за коски, трети за рскавица. Доаѓаат од различни производители со различна цена.
Со цел да им помогнеме на своите читатели во изборот, нашата редакција направи мала анализа на пазарот, од аспект на тоа каков тип на колаген е достапен, кои производители, каква е ефикасноста, и како да направиме соодветен избор. Едукацијата е секогаш добредојдена! Во прилог се одговори на најчестите прашања.
Како да откријам кој колаген е за мене?
Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото“ што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.
Што да се користи за зглобови?
Дефинитивно колаген тип 2, говедски а го препорачуваме колаген Peptan® Матрикс кој e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, и е произведен по француска технологија. Говедски мулти-колагенски комплекс кој со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, поттикнувајќи го природното производство на колаген во нашиот организам. Mоже да се нарача преку следниов линк: https://arboreal.mk/kolagen/.
За што друго помага?
Придонесува за одржување на крвните садови, коските, `рскавицата, непцата, кожата и забите. Нуди трансформативно искуство кое оди подалеку од обична, длабинска нега на кожата. Претставува сеопфатно решение за одржување на здравјето на мускулно-скелетниот систем и исто така ја поттикнува убавината на кожата. Научно е потврдено дека Пептан тип 2 хидролизиран колаген тип 2 овозможува повеќекратни здравствени придобивки за зглобовите ако се зема во мала дневна доза.
Колагенот како што често се нарекува и “еликсир на младоста” е клучна компонента одговорна за силата, еластичноста и регенерацијата на различните ткива во човечкото тело. Колагенот е неопходен за нормално функционирање на многу делови од нашето тело. Се наоѓа во цревата, мускулите, коските, кожата, тетивите, па дури и во нашите внатрешни органи. А како што старееме, брзината со која произведуваме колаген се намалува – оттука, почнува да се забележува застарена кожа, брчки и болки во зглобовите. А потребата од негово внесување се наметнува веќе по 20-тата година. Но благодарение на квалитетниот додаток во исхраната колагенот може да се надополни. Да помогне во ублажување на болките во зглобовите, зајакнување на коските и ноктите, да ја зголеми флексибилноста на тетивата и лигаментите, и да ја подобри еластичноста на кожата.
Кога да се користи?
Како превентива веќе по 25-тата година. А ако бараме некој конкретен знак, кога ќе се јави болка во зглобовите, кога лесно се кршат ноктите, кога е кршлива и помалку сјајна косата, кога се појавуваат првите бори на лицето. Симптомите како болки во зглобовите имаат огромно влијание на квалитетот на животот, и неопходно е нешто да се превземе.
Многу движење, здрава исхрана и храна богата со колаген помага да се надокнади недостатокот на овој протеин во организмот. Но тоа некогаш не е доволно, потребен ни е Матрикс колагенот од Арбореал кој е уникатен на пазарот и кој ги содржи двата најважни типа на колаген 1 и 2 неопходни за организмот.
Од друга страна стресот, пушење, алкохол, недостаток на цинк, и витамин Ц, недостаток на сон, УВ зраците, лошата исхрана (многу шеќери, пецива и други производи од бело брашно), недостатокот од антиоксиданси влијаат негативно и придонесуваат кон забрзано губење на колагенот во телото.
Ние одбираме здрави ритуали и секако единствениот колаген!