Публицис Груп Скопје ја доби наградата за Најдобра агенција за настани на БЕАМ Фестивал
Маркетинг агенцијата Публицис Груп Скопје, е добитник на три награди за извонредните настани кои ги организираше во текот на изминатата година.
Наградите за Најдобар настан за бренд активација и Најдобар културен/музички настан Публицис Груп Скопје ги доби за организацијата на настанот „150 DJ-и за 150 години Heineken: Незаборавни искуства“ – настан кој го привлече вниманието на целата јавност во регионот и претставуваше вистински хајлајт на летото 2023.
Забавата по повод 150 години Heineken испиша историја како прв и единствен настан во земјава кој успеал да собере 150 изведувачи на едно место. Публицис Груп Скопје го доби и најважното признание – Наградата најдобра агенција за настани (Најдобра BTL агенција) како заокружување на големиот број на успешно и одлично организирани настани во 2023 година за клиентите Македонски Телеком, Philip Morris, Скопско и Скопско Smooth, Avon, UNFPA, UNICEF, Мерцедес, НЛБ Банка, Виталиа.
Наградите, но и самите успешни настани за паметење се резултат на напорната работа и на синергијата во Публицис Груп тимот задолжен за организација на настани, кој постојано покажува дека не постои предизвик доволно голем за да ги изненади.
БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне важноста на настаните во маркетинг плановите на клиентите и компаниите. За наградите одлучува стручно жири составено од истакнати професионалци од креативни, маркетинг, ПР и ивент агенции, продукциски куќи и компании од Македонија, а се одбираат победници во вкупно 15 различни категории. Организатор на БЕАМ е Асоцијацијата на ивент индустрија ИВАП Скопје.