[ФОТО] По повод “Недела на вештерките” – „Ботаника“ обвиена во морничава декорација ве носи во поинаква димензија!

Ако лани пропуштивте да ја доживеете пеколната сензација од атмосферата во Ботаника Урбана Кафана по повод “Неделата на вештерките” (Halloween), оваа година ова место цела недела ви нуди гастрономско искуство во уште покреативна драматична атмосфера.

Дојдете било кој ден од оваа недела да уживате во есенските новитети на мени-то во Ботаника, каде што ќе заборавите на времето и просторот во кој се наоѓате и ќе се предадете на магијата на мистичната атмосфера. Ботаника ја раскажува оваа гастрономска есенска приказна преку специјалитетите кои се: есенски микс со тиква како салата, топла фета во фурна со медени смокви како предјадење, телешка коленица “osso buco” послужена врз крем палента, чизкејк од тиква (без шеќер) и многу други кулинарски ремек – дела од редовното мени.

Оваа недела имате прилика да уживате во атмосфера која раскажува драматична приказна, за миг да се одделите од реалноста и преку сите сетила да ја впивате магијата на ова извонредно искуство. Уникатниот амбиент во Ботаника по заслуга на декор – изведбата на @mmslatkasama___ ќе ве понесе на патување низ фантазијата и мистеријата.

На 31-ви октомври (четврток), главната журка за “Ноќта на вештерките” ќе го достигне врвот на забавата, а маските на гостите и креативните идеи ќе бидат искуство за раскажување. Искуство во кое сите присутни ќе влеземе во филмот на улогите што сами ги избираме – било да сте вештерка, дух, вампир, зомби или друга страшна фигура.

Подгответе се за неодоливи коктели, специјално мени во духот на есента и празнувањето, и многу изненадувања што ќе го направат вашето искуство вистински незаборавно и возбудливо! Сцената ви припаѓа на вас, а вие на новата димензија на реалност!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Translate »