Берберското студио Sicho Barber дел од Movember иницијативата и Bikers Moto Show-то во Скопје Сити Мол
Берберското студио Sicho Barber овој викенд ги изненади посетителите во Скопје Сити Мол, и на дел од нив им овозможи да се шишаат. Активноста е дел од проектот за промоција на мото културата и безбедноста во сообраќајот во организација на Bikers Moto Show, како дел од иницијативата Movember, месецот на машкото здравје.
Мажите треба да се грижат за своето здравје, но и за својот изглед и стил, им порачаа од самосталното берберско студио Sicho Barber на посетителите.
Синиша Срезоски, заедно со помладокот на ова популарно студио Михаил Шегмановиќ и Милан Миладиновиќ, се дружеа со посетителите уживајќи заедно со нив во една опуштена комуникација.
Movember активностите во Ноември се посветени на подигнување на свесноста за машкото здравје, со акцент на превенцијата на заболувања како што се ракот на простатата и тестисите, како и менталното здравје на мажите.
Преку иницијативи како „Movember“, мажите се охрабруваат да преземат активни чекори за своето здравје, да прават редовни прегледи и да се информираат за ризиците кои ги носат овие заболувања.