Кое овошје содржи најмалку шеќер? Како да внесуваме природни и здрави шеќери? Корисни совети од нутриционистот Дрвошански.
Исхраната без шеќер е актуелен тренд, но ако размислувате да го елиминирате овошјето поради природните шеќери што ги содржи, можеби ќе сакате да размислите двапати.
Овошјето ни обезбедува многу работи што ни се потребни како витамини, минерали и антиоксиданси. Недостатокот на овие важни хранливи материи, пак, може да доведе до хронични болести како што се дијабетес и срцеви заболувања. Меѓутоа, ако сакате да ги намалите јаглехидратите на здрав начин и не сакате да претерате со овошјето со многу шеќер како бананите, има многу хранливи опции со малку јаглехидрати. Јагодите се одлична опција кога станува збор за овошје со низок шеќер. Една чаша јагоди содржи само седум грама шеќер и обезбедува речиси, ако не и повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц.
Постојат бројни митови или заблуди поврзани со консумирањето на шеќери и јаглехидрати, што кажува науката, какви се последните научни пракси. Да почнеме од почеток.
Дали урмите иако се слатки се добри за здравјето? Ова е точно. Тоа е така бидејќи урмите содржат посебен вид природен шеќер алулоза кој не ја пореметува гликемијата, и нема да донесе нагло зголемување. Значи урмите се многу добра замена за шеќер, и треба да ги вклучиме во исхраната. Кога шеќерот се изложува на висока температура во присуство на масти и протеини се создаваат токсични соединенија. Точно. Шеќерите предизвикуваат стареење на нашите клетки. Точно. Не секогаш треба да внесуваме шеќери за да имаме енергија….. како здраво да ги конзумираме шеќерите, како да имаме добри нивоа на шеќер, кога, колку да го консумираме…кој е најздравиот доручек, што да јадеме наутро за да можеме долго да го издржиме денот, може да дознаеме во подкастот научно докажано со Сашко Дрвошански

