Видео: Инцидент пред суд, непознато лице и се доближи на полицијата

Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати пишува А1он.

Според порталот човекот се доближил и му кажал нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и најверојатно го однеле во полициска станица.

Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај.

Во Кривичниот суд Скопје 1 Скопје денеска се соопштуваше пресудата за 37-темина обвинети во случајот „Диво Насеље“ каде загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група. На обвинетите им се судеше за тероризам и терористичка организација.

Translate »