Фотографија на денот: 150 години од раѓањето на Махатма Ганди
На денешен ден пред 150 години е роден Махатма Ганди, човекот кој ја ослободи Индија од колонијално ропство.
Ганди е личност на која многу Индијци ѝ оддаваат почест. Така е и со овие ученици, кои во училишниот двор се распоредени на начин да го претстават неговиот лик.
Ганди беше славна личност уште додека беше жив. Тој на почетокот на 20. век се бореше против расна поделба и за рамноправност. Од крајот на 1910-те во Индија застана на чело на движењето за независност. Бараше права за Далитите во Индија и за жените. Се залагаше за помирување на хиндусите и муслиманите и се бореше против колонијалната експлоатација. Ненасилен отпор, цивилна непослушност и штрајкови со глад беа неговите методи на борба. И успеа – во 1947 година индиското движење за независност успеа во борбата против британското колонијално владеење. Индија беше поделена. Половина година подоцна Ганди беше убиен од хиндуистички фанатичен националист.