РАМСТОРЕ Македонија наградена со две награди за општествена одговорнoст

 

За најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата – односи спрема пазарот кај големите компании, прогласена е компанијата Рамсторе Македонија со проектот  “ISO 22000:2005 Систем за управување со безбедност на храна” . Рамсторе е  добитник на плакета  за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата односи кон вработените со проектот “Дуќанот е Наш “. На десетата јубилејна манифестација организирана од страна на Министерството за Економија на Р.Македонија и Координативното тело за Општествена одговороност на претпријатијата, Рамсторе беше претставувана од Генералниот Директор Г-дин Ајхан Узун кој ги прими наградите.

На денешната прес конференција се обрати и раководителот на секторот за корпоративни комуникации Елиф Исмаил Шериф која  во своето обраќање пред медиумите изјави: „Со свoeто 12 годишно постоење на пазарот и во насокa на визијата за одржливост, Рамсторе кој е силно приврзан за своите потрошувачи прави конкретни чекори во областа на општествената  одговорност. Спроведуваме бројни проекти за подигнување на свеста за социјалната одговорност, со цел да оставиме поздрава средина на идните генерации, воедно залагјќи се за продуктивно и штедливо користење на ресурсите. Нашите вработени ги насочуваме кон принципот на одговорност кон луѓето, природата и идните генерации. Спроведуваме разни проекти во соработка со здруженија, фондации и невладини организации, а во кои учествуваат добавувачите, потрошувачите и вработените. Во фокусот на активностите за општествена одговорност се прашањата од социјална потреба како образование,култура-уметоност, спорт и здрав живот кои за Рамсторе претставуваат инвестиција за подобра иднина.“

Главниот принцип во работењето на  Рамсторе Македонија е создавање разлика во малопродажниот сектор во Македонија каде компанијата е лидер со своите иновативни пракси, услуги кои ги надминуваат очекувањата на потрошувачите, обезбедување на постојан раст, посветено придржување кон законодавството и регулативите како и до правилата за корпоративно управување.

Translate »