Моќта на гушкањето-Што се случува со нашето тело при допир

Една искрена прегратка на драг пријател или партнер може да има многу силен ефект врз нашето тело. Како и смеата, научниците откриле дека прегратката има лековити својства. Истражувањата покажуваат дека прегратката е многу ефикасна во лекувањето на разни физички болести, како и осаменост, депресија, анксиозност и стрес.

Во една студија спроведена на Универзитетот во Северна Каролина, истражувачите откриле дека преградките ги зголемуваат нивоата на “обврзувачките” хормони – окситоцин, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, го намалуваат крвниот притисок и нивото на хормони на кортизол стерол.

“Науката ни кажува дека допирот има многу важно влијание врз физичкото и менталното здравје. Се покажа дека допирот го намалува крвниот притисок и срцевиот ритам, го зголемува имунолошкиот систем и ја ублажува болката. Гушкањето го ослободува окситоцинот, хормон кој ги тера луѓето да се чувствуваат безбедно и ги намалуваат нивоата на кортизол, што го намалува стресот, вознемиреноста и осаменоста “.

Во една друга студија поврзана со прегратката што беше спроведена во рамките на проектот “Нестле среќно здрав”, учествуваа речиси 60.000 луѓе од Австралија. На чело на проектот беше д-р. Ентони Грант, психолог на Универзитетот во Сиднеј и Галакси истражувања, кој заклучи на крајот од студијата:

Предности на гушкањето

Луѓето се очигледно социјални животни, како што се гледа од безброј студии кои покажуваат дека оние кои одржуваат блиски пријателски односи, како и оние што се во брак, се физички и психички поздрави. Истражувањата покажуваат дека вистинската прегратка, во која две срца се притиснати еден со друг, може да ги има следниве предности:

– Преградката создава доверба и чувство на сигурност. Помага во отворена и искрена комуникација.

Долгите прегратки ги зголемуваат нивоата на серотонин, хормон кој е одговорен за добро расположение и општо чувство на среќа.

– Прегратката го зајакнува имунолошкиот систем. Ја стимулира тимусната жлезда која го регулира и балансира производството на бели крвни клетки во организмот.

– Ги релаксира мускулите и тензијата во телото. Исто така,  може да ја ублажи болката.

– Бесплатно е!

Translate »