Со автоматска пушка убиени се маж и жена во Кочани

Маж и жена вчера се најдени мртви во домот во кој живееле како потстанари во Кочани. Ги нашол нивниот сосед кој е од селото Теранци, а привремено живеел како кираџија во истата куќа.
Пукано било со автоматска пушка констатираше МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Кочани. Од страна на лекар од Медицински центар Штип биле забележани прострелни рани во пределот на главите на починатите. Покрај телата била пронајдена автоматска пушка марка „црвена застава“ и неколку чаури од куршуми, кои заедно со другите пронајдени предмети, се подигнати и ќе бидат доставени за вештачење. По наредба на Јавен обвинител, телата се пренесени во Медицински центар Кочани каде ќе биде извршена обдукција.

 

Translate »