ВИДЕО- Благоја МИЛЕВСКИ: Секогаш да тежиме кон најдоброто
По повод новогодишните празници и сумирање на сето она што беше сработено во младинскиот кампус, селектор на младата репрезентација Благоја Милевски имаше свое излагање преку ФФМ.
Тој потенцираше за круцијалните моменти и работата со младите играчи, а годинава беше една од најуспешните сигурно на тоа поле, најдобар доказ за тоа беше и Европското првенство кое нашите надежи го одиграа.
Повеќе ќе слушнете од селекторот Благоја Милевски во видеото
Благоја Милевски – Селектор на Македонија до 21 година
Благоја МИЛЕВСКИ: Промените во македонскиот фудбал започнаа пред Европското првенство, вклучувајќи ги најуспешните квалификации кои ги одиграа фудбалерите до 21 година, оттука веројатно започна нашиот подем. Но, јас би ја потенцирал работата во Академијата на ФФМ која дава резултати и во #идната треба да претставува наша движечка фудбалска сила. #Македонија играше на Европско првенство, А репрезентацијата оствари одлични #резултати, младите селекции се пласираа во Елитна рунда на #УЕФА…мислам дека оваа година е најуспешна до сега. Јас самиот си наметнувам правила и цели, а тоа значи секогаш да се стремиме кон најдоброто. Со репрезентацијата до 21 година #врвот го достигнавме со настапот на Европското првенство во Полска, но тоа не значи дека застануваме на тоа. Условите кои ни ги овозможува Фудбалската федерација се на највисоко можно ниво и секогаш потенцирам дека се на ниво на А репрезентацијата. Господ да ни даде #здравје, среќа и благодет на сите, Ви посакувам среќна Нова година.
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Tuesday, December 26, 2017