Поплави во Црна Гора, Бар под вода
Обилни дождови го поплавија градот Бар во Црна Гора. На социјалните мрежи е ставена снимка на која се гледаат улици под вода, а сообраќајот е отежнат. Најкритично е на улицата “Македонска” која неодамна се реконструираше. Метеоролозите предвидуваат дека дождовите во приморскиот дел на Црна Гора ќе потрајат.