Како да откриете дали вашиот мобилен телефон се прислушува
Кои “симптоми” покажуваат дека вашиот телефон се прислушува? Постојат неколку индиректни знаци за тоа . Еве на што треба да се обрне внимание, ако се сомневате дека ве прислушуваат:
1 . Кога батеријата на телефонот е жешка или топла, иако апаратото е во мирување или e блокиран – тоа зборува дека некој програм во позадина е активиран ;
2. Мобилниот телефон брзо ви се празни. Ненадејниот пад на батеријата е поврзан со дополнителни оптеретувања на хардверските ресурси предизвикано од некоја вирусна програма;
3. Полнењето на телефонот и неговото целосно вклучување или исклучување бара повеќе време од вообичаеното.
4 . Трепкање на позадинското осветлување на екранот кога го вклучувате или исклучувате уредот – ова може да укаже на шпионска програма како и на дефект.
5 . Необични звуци за време на разговорите – најчесто има пулсирачки бучава, тоа е јасен знак за присуство на прислушување, но не секогаш се манифестира.