Мицкоски не знае што е “Груевизам”
“Партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопштиме дали пратениците на ВМРО- ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание” – рече новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по средбата со Заев.
“Добро е да се дискутира и се што е во интерес на граѓаните не треба да биде табу тема ниту за опозицијата ниту за власта. Разговаравме за повеќе актуелни теми во кои ги презентиравме своите аргументи и ставови кои нормално се разликуваат,” истакна Мицкоски
Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе се огради од “Груевизмот” , Мицкоски изјави дека таква појава немал сретнато ниту во учебниците ниту во праксата.
Средбата Заев-Мицкоски траеше речиси час и половина .