Златна зора протестираше пред грчкото МНР додека траеше средбата Османи-Коѕијас
“Златна зора“ беше тука за да протестира за распродажбата на името на Македонија, кое што за целиот грчки народ не е само едно име, туку е нивната душа и нивната историја, рече лидерот на партијата, Никос Михало-Љакос.
Пратеници од грчката политичка организација „Златна зора“, заедно со група нивни поддржувачи вчера се собраа на протест пред зградата на грчкото МНР, додека траеше средбата на Османи со Коѕијас. Групата ја предводеше претседателот на партијата.„Златна зора“ беше тука за да протестира за распродажбата на името на Македонија, кое што за целиот грчки народ не е само едно име, туку е нивната душа и нивната историја, рече лидерот на партијата, Никос Михало-Љакос.
На 21-ви јануари во Солун 60-ина грчки здруженија треба да организираат протест, за како што велат, зачувување на грчкиот карактер на Македонија.МРТ