Реал Мадрид го освои трофејот
Реал Мадрид го освои трофејот на вечерашниот Суперкуп на УЕФА во Скопје во натпреварот против Манчестер Јунајтед со резултат од 2:1.
Победата за Реал Мадрид ќе им донесе награда од 3 милиони евра, а поразот за Манчестер Јунајтед 2,2 милиони евра.
Реал Мадрид поведе во 24-тата минута со голот на Карлос Касемиро, па со голот на Иско во 52-та минута со 2 спрема 0.
Во 62-та минута фудбалерот Ромелу Лукаку го даде единствениот гол за Манчестер Јунајтед.
За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот. /Мадридскиот тим со тоа стана втората екипа по Милан, кој двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година).