Две жени биле нападнати од манијак, ги спуштил панталоните и се обидел една од жените да соблече

Две жени пријавиле во полиција дека биле нападнати од манијак во скопски Карпош.

Според информациите на полицијата, вчера во 11:30 часот во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. Жената успеала да го истурка манијакот, по што тој избегал.

Подоцна, во 13:40 часот во Полициската станица Карпош и С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13 часот во влез од зграда непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал.

Translate »