Владата се премисли и ги одложи измените на законот за референдум
Владата ја повлече информацијата дека се подготвуваат измени на Законот за референдум и други облици на непосредно граѓанско изјаснување. Повлекувањето се случи откако во медимуите почна да се шшекулира дека измените се прават поради евентуланиот референдум кој би се одржал ако се постигне договор за спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Измените беа само кратко време поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), а потоа беа отстранети. Од Министерството за правда најавија дека ќе ја запрат процедурата за да не му се наштети на процесот за наоѓање решение за спорот за името, иако категорично тврдат дека измените немаат никаква врска со него.