Лесно и вкусно – Брускети со црвена пиперка

loading...

Оригиналните брускети се всушност препечен  леб , намачкан со лук и маслиново масло,  зачинет со сол и  бибер. Постојат бесконечни верзии на овие популарни лепчиња, а еве една која ќе им  се допадне и на вас и на вашите гости.

Состојки:

леб

црвени пиперки

маслиново масло

лук

капари

босилек

морска сол

горгонзола/сирење

Подоготвка:

Загрејте ја рерната на  190 степени.  Во тенџере  ставете две лажици маслиново масло , додадете исечени пиперки  и печете 12-15 минута. Додете капари  ако имате и босилек, посолете и ставете  бибер. Парчињата стар леб истријте ги со лук, испрскајте со маслиново масло и  печете  седум до десет минути.  На секое лебче ставете  од смесата, а од горе, по желба,  сирење. Служете како прилог на главното јадење, но и како вкусна вечера. Добар апетит!

 

Translate »