13 номинации за Оскар за “Форма на водата” на Гилермо дел Торо

“Форма на водата” на мексиканскиот режисер  Гилермо дел Торо доби  13 номинации за наградата “Оскар”, меѓу кои за најдобар филм и  најдобра режија.

Се работи за филмско остварување во кое успешно се преплетуваат фантазија , хорор и романтика.

За најдобар  филм се номинирани и  : “Повикај ме со твоето име”, “Најмрачниот час”, “Данкирк”, “Бегај!”, “Лејди Брд”, “Фантомска  нишка”, “Весник на власта” и “Три билборда надвор од градот”.

Translate »