Наркоман уби 100-годишна старица која го преживеала Холокаустот: Тоа што го рекла пред смртта, за многумина е незамисливо

Зофија Качан тргнала наутро во црква во англиски Дерби, по што била нападната од зависникот од хероин, Артур Васкиевич.

Тој сакал да ѝ ја украде ташната, а во целата ситуација ѝ го скршил вратот. Злосторството се случило пред околу една година, а правдата го стигна убиецот сега. Како што пренесуваат британските медиуми, убиецот не покажувал никакви емоции во судницата.

Обраќајќи ѝ се на поротата, судијата рекол: „Казната неизбежно ќе биде долготрајна затворска казна. Тоа Васкиевич добро го знае“.

Зофија Качан, родена во Полска, жена која што преживеала нацистички концентрационен логор од Втората светска војна, претрпела повеќе повреди, вклучувајќи кршење на вратот, но и фрактура на черепот. Таа починала од воспаление на белите дробови на 6-ти јуни, состојба предизвикана од повредите здобиени во нападот.

Васкиевич бил снимен од надзорните камери, се гледа како ја намалува брзината на автомобилот кога ја здогледал ранливата жена. Ја нападнал затоа што му требале 20 фунти за да купи хероин. Ја претепал и ја фрлил на земја, ги зел парите и побегнал од местото на нападот.

Полицијата го уапсила Васкиевич кој што исто така е роден во Полска, откако бил пронајден негов отпечаток од прст. Тој побегнал од градот и се сокрил под креветот на неговата мајка. Неговите соседи раскажуваат дека тој очајно барал пари.

Пријателите на Зофија откриваат дека таа во болница се молела за душата на нејзиниот напаѓач.

„Молеше за Господ да му прости на нејзиниот убиец“, изјави Ања Скритек, нејзина пријателка која што ја пронашла на улицата после нападот.

Translate »