ВМРО-ДПМНЕ поднесе илјадници амандмани за Законот за јазици

ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе над 20 000  амандмани за Законот за употреба на јазиците информираат собраниски извори. Оттаму велат дека службите се уште ги архивираат и најверојатно таа бројка ќе порасне.

Ова значи дека Законот нема да може да биде донесен подолг временски период.

Инаку, ова е рекорден број поднесени амандмани за еден Закон. Досега рекордот го држеше ДУИ со 15.500 поднесени амандмани за Законот за бранители во 2012 година.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која од средината на декември ја бојкотира работата на Собранието најави дека в понеделник ќе се врати во законодавниот дом за да учествува на расправата за Законот за јазиците.

Translate »