Е, доста веќе сообраќајни казни! Радарот право во вода!
Го запрел Мерцедесот, излегол од колата , и откако го искорнал полицискиот радар за надзор и контрола на сообраќајот, го фрлил во каналот и си заминал. Фрапираните полицајци веднаш се пуштиле во потрага по возачот. Брзо го пронашле и го идентификувале бидејќи на колата имал напис на фирмата “Горја Транспорти”.
Полициски извори коментираат дека возачот најверојатно бил изиритиран поради радарската контрола. Се работи за радар од типот “Трукам”. Апаратите се поставуваат покрај патот со цел да се снимаат возачите кои возат со прекумерна брзина, а потоа казните се праќаат по пошта на домашна адреса. Инцидентот се случил кај Жепча, БИХ.
Не е познато каква казна го чека револтираниот Босанец, на кој очигледно му дошло преку глава од сообраќајни казни.