Нека не викаат и Дизниленд – Кирил Поп Христов за Вол Стрит Џурнал
Македонија е на пат да се приклучи на најмоќните западноевропски клубови… Вака сторијата ја започнува престижниот американски весник Вол Стрит Џурнал. Во текстот се објаснува спорот со името, а како предлози за новото име се наведуваат : Горна Македонија, Нова Македонија и Северна Македонија. 70 проценти од Македонците сакаат нивната земја да биде членка на ЕУ, се вели во статијата. Весникот го пренесува и ставот на актерот Кирил Поп Христов за името на државата Македонија од која тој замина за Еквадор пред 4 години, а дојде во средината на декември за да види дали има можност да се врати.
„Ако луѓето можат да живеат подобро, не ми е грижа ако ја викаат и Дизниленд“, е изјавата на 50-годишниот актер во анализата „Што има во името? За Македонија, членство во Западот“, објавена во денешниот број на реномираниот американски весник.https://www.wsj.com/articles/whats-in-a-name-for-macedonia-membership-in-the-west-1516962601