Драган Спасов -Дац прегазил девојка со автомобил

Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, синоќа на улицата Антон Попов кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка.

Засега се знаат иницијалите на повредената девојка – Е.Ц.

Девојката веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увидот на местото на настанот сѐ уште е во тек.МВР го потврди настанот.

Нема потврда за шпекулациите дека Дац бил под дејство на алкохол.

 

Translate »