Се трага по убиецот на Мартин Јанушев

Полицијата трага по убиецот на Мартин Јанушев. Собраните докази од местото на кое се случил кравиот настан се предадени на вештачење .

Се сослушуваат сведоци кои во критичниот момент биле во близина на местото на несреќата, а се истражуваат и снимки од видео надзорот на околните трговски објекти, но и мобилниот телефон на фудбалерот.
Очевидци синоќа сведочеа дека убиениот најверојатно бил телефонски повикан да излезе пред зградата. Од МВР официјално велат дека сеуште се работи на утврдување на идентитетот на убијците.

Според неофицијални информации, убиството на 28 годишниот Мартин Јанушев го извршиле две лица, од кои едниот веќе и е познат на полицијата по серија тешки кривични дела, за што одлежувал и затворска казна.

Во меѓувреме по социјалните мрежи веќе се објавуваат и фотографии на Р.Т., наводниот убиец на фудбалерот Јанушев.

За Р.Т. се знае дека бил познат лик од скопското подземје со дебело полициско досие. Тој веќе одлежал затворска казна од три години за убиство кое го сторил како малолетник.
Истиот бил пријавуван во полицијата за тепачки, изнуди и кражби.

Јанушев бил застрелан со 4-5 куршуми во главата и во вратот, пред влезот на зградата во која што живеел. Случајни минувачи го качиле во автомобил и го однеле во Градската болница. Лекарите соопштија дека иако тој бил донесен без знаци на живот, тие 40 минути се обидувале да го реанимираат, но обидите завршиле безуспешно.

Translate »