8 начини телото секогаш да ви изгледа совршено
Сите жени сакаат да изгледаат неверојатно секси, привлечни и неодоливи во секој момент. Како да се остане совршена тајната се крие во некоку трикови за убавина.
Се подготвувате за излегување со новиот дечко или својот долгогодишен партнер, придржувајте се до следните навики
Пијте доста вода
Вода, вода и само вода! Водата е најскапоцениот пијалак кој помага да изгледаме совршено, намалува отеченост , го чисти тенот и поттикнува раст на ноктите и косата. Не е одлучено колку дневно вода ни е потребно , но експертите обично препорачуваат околу две литри. Ако ништо друго потрудете се никогаш да не бидете жедни.
Пилинг
Во парфимерија побарајте четки од фини влакна наменети за сув пилинг на кожата. Неколку пати дневно пред туширање добро исчеткајте го целото тело , тоа ќе ги отстрани мртвите клетки, а со тоа вашата кожа ќе добие сјај, а ваквиот третман поттикнува и циркулација
Не заборавајте на влакната
Овошје, зеленчук ,зоб и интегралниот леб богат со влакна.. Во своето дневно мени вклучите што повеќе такви производи. Подолго ќе бидете сити па полесно ќе одржувате идеална тежина.
Немојте да јадете премногу сол
Солта ја задржува водата во организмот поради што изгледате отечено. Дозирајте ја многу важно, а количината на солта сведете ја на минимум.
Потемен тен
Кога кожата е потемнета недостатоците се помалку видливи. Тоа секако не значи дека треба да се пржите во солариум, но поттикнуваме пиење на утринско кафе на топлите зраци сонце.
Добра фризура
Со добра фризура се чувствуваме одлично, зарем не. Знаеме дека не е лесно баш секогаш да изгледаме како од фризерски салон, но потрудете се да биде што почесто.
Ставете парфем
Мирисите можат да пробудат бројни спомени па искористете ги како своја предност. Ако сакате да бидете секси, романтични и разиграни, постои мисрис кој одговара на секое расположение
Смејте се
Знаеме дека мометот кога дечкото ве гледа за прв пат без облека, можеби е најнезгодниот, но ситуацијата ќе стане полоша ако му ставите до знаење дека многу ви е незгодно. Совет тој не го забележува вашиот целулит, затоа опуштете се и уживајте. Смешкајте се и голиот маж ќе се смешка со вас