Кој е убиениот фудбалер Мартин Јанушев
Двваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој вечерва со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.
Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври, пишува СпортМ.
Според информациите од Министерството за здраство, Мартин бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром