Снежана Николовска: Убавината е во секоја жена треба само да и помогнеме да излезе на површина
Снежана Николовска – фризер и шминкер. Таа е една од најпознатите фризери во Скопје, која со овој занает се занимава 30 години. Учествувала на многу ревии и обуки во Македонија, Турција, Германија и Белгија
Што е убава жена?
Онаа жена која е своја, која се сака таква каква што е! Која се почитува себеси, и другите, има изграден стил и став. Убавината е во секоја жена, треба само да и помогнеме да излезе на површината. А за тоа да се случи, жената треба да се грижи за себе, да се негува. Да не штеди на убава фризура, и врвна козметика бидејќи во спротивно губи од својата женственост и самодоверба. Жените во суштина се најубавото нешто на планетава, само им треба мотив и желба за да се изразат на различни полиња.
Имате над 30 години искуство во полето на професионалното фризерство. Акумулирано искуство и грижа за огромен број на муштерии. Што е пресудно да се опстои при огромна конкуренција?
Довербата на муштериите, напорната работа и професионалниот однос се пресудни за долга и успешна кариера.
Муштеријата ви верува онолку колку вие ќе успеете веродостојно и правилно да ја третирате неговата коса, да направите фризура според неговите желби. Секако дека на ова поле се трудам да бидам и посмела, и да ги охрабрувам моите клиенти да пробаат нешто ново. Секако дека тука, инстиктот и искуст
вото се од огромна важност. Но мој личен императив, е клиентот да излезе насмеан, задоволен од мојот салон. Тоа е најдобра препорака за секој фризер. Тоа се моите работни принципи, и од нив не се откажувам. Се трудам да формирам и ценовни пакети со цел услугите да бидат достапни до што повеќе клиенти. Еве сега за Валентин, имаме многу поволности за муштериите.
Како успевате да сте во тек со новитетите на ова поле?
Успехот се постигнува, само со континуирано учење, посета на обуки и семинари, споделувања мислења и искуства со колегите и примена на нови техники, со цел задоволување на потребите и желбите на муштериите. Но поважно од се е да имате отворен дух, да сакате да учите, да слушате
што другите имаат да кажат, а пред се да ги слушате своите клиенти и нивните потреби.
Колку македонските жени се храбри да пробаат нешто ново?
Мислам дека да!. Тоа и се приметува по скопските улици, каде секојдневно среќаваме жени со стил и средени коси. Но желбата за промена зависи и од тоа колку една фризерка е вешта и креативна, колку има искуство, од начинот како комуницира со муштериите, од тоа како самата изгледа, и од довербата која ја има кај клиентите. Јас имам муштерии кои со децении доаѓаат кај мене, и тоа посебно ме исполнува, и мотивира за работа.
Која е тајната на добрата фризура?
Универзална формула, не постои. Зависи од косата на клиентот, од тоа колку е квалитетна косата, како е негувана, од тоа каква козметика користи. Кога јас работам гледам да не користам пр
емногу шампон. „Тајната е во тоа да користите мало количество шампон и косата да ја шампонирате два пати“. Исто така, внимавам
после шампонирање косата добро да ја исплакнам за да не останат траги од шампонот на темето и кожата под косата. Ова е неопходна основа. Потоа се трудам фризурата да биде прилагодена според формата на главата, тенот на лицето, и желбата на клиентот.
тел.071327049