Доналд Трамп номиниран за Нобеловата награда за мир
Американскиот претседател Доналд Трамп, критичарите на рускиот лидер Владинир Путин и УНХЦР се меѓу номинираните за годинешната Нобелова награда за мир. Трамп е номиниран од еден американски граѓанин за, како што се наведува, неговата идеологија ” до мирот преку патот на силата”.
Право на номинирање на кандидатите имаат поединци како што се членови на државните парламенти или влади, Мегународниот суд во Хаг, универзитетски професори по историја, општествените науки, псиохологијата и др., добитници на Нобеловата награда и слични личности , се наведува на службените страници на Нобеловата награда.