“Имаме три куршуми за тебе“-Коѕијас добива закани по живот
Имаме три куршуми за тебе“ – вакво заканувачко писмо вчера добил шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Според министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Тоскас писмото со закани било упатено и до Коѕијас и до неговото семејство.
Тоскас за грчката телевизија „Антена“ изјави дека анонимниот допис е предаден до надлежните полициски служби за пронаоѓање на оние што го испратиле. Грчкиот министер за цивилна заштита рече дека ваквите постапки се само затоа што некому не му се допаѓа начинот на кој се преговара.
„Мислам дека не треба да коментираме колку е опасно тоа да се праќаат дописи до оние што се обидуваат да ги решат, на чесен начин, проблемите, затоа што не им се допаѓа начинот на кој се водат преговорите“, рече Тоскас.

