Американците денес се подебели и пониски отколку пред 20 години
За само 15 години, Американците го промениле својот изглед и сега се пониски и подебели, иако САД со години се борат против гојазноста, посочува ново истражување на Американската санитарна служба.
Студијата го опфаќа периодот од 1999 до 2016 година и посочува дека сега Американците просечно тежат 89,9 килограми, а Американките – 77 килограми. Пред 20-тина години, просечната тежина кај мажите во САД изнесувала 86, а кај жените 74 килограми. Истражувањето опфатило 47.000 Американци постари од 20 години.
Што се однесува до висината, денес таа кај Американецот е 175,4 сантиметри (наспроти 175,6 сантиметри во 1999), а кај Американките – 162,1 сантиметри (наспроти 161,7 сантиметри во 1999).