Ја силувал мајка му, а секс и нудел и на 70 годишната стрина
Горан Т. (29) од селото Врачевиќ, Лајковац, е уапсен под сомневање дека ја силувал својата мајка(50) во три наврати.
Тој ја нападнал мајка му во нивниот семеен дом, каде што, во последно време, живеел сам. Неговите родители се преселиле, но мајката повремено доагала да го посети Горан, кој бил проблематичен, сведочат мештаните .
– Горан никаде не работи и знае да биде непријатен кога пие. Затоа татко му ја напушти куќата и ја зеде сопруга со него, но таа доаѓаше кај синот. За среќа, сепак, сестра на Горан се омажи во Ваљево, и со себе го зеде помладиот брат, кој оди во средно училиште, велат соседите, но никој не знае што навистина се случувало во куката, бидејќи слушнале дека Горан сега е “затворен за користење дрога” .
-Проблемот е во тоа што и мајката и синот, благо речено, се малку ментално заостанати. Таа е мирна и повлечена жена, слабо разбира и не се снаоѓа, раскажуваат од селото.
Никој не и верувал кога кажувала дека синот ја тепа и напаѓа.
-Горан сакаше да пие, а кога ќе се напиеше беше невозможен. Дома правеше хаос со пијаното друштво, а потоа ја викаше мајка му да собере, исчисти и да му направи јадење. Таа се жалеше дека ја малтретира, но никој не обрнуваше внимание, велат селаните.
Синот во полиција го пријавил таткото и седумдесетгодишната стрина која исто така се обидел да ја обљуби, пренесуваат српските медиуми.