Том Хенкс за претседател на САД
Подолго време во американската јавност се споменуваат имиња на неколку познати личности кои би можеле да бидат избор за идниот претседател на САД. Се шпекулираше дека Опра Винфри ќе се кандидира на следните избори, но таа ги демантираше тие гласини. Сајтот “Ранкер” направи листа на јавни личности кои американските граѓани би сакале да ги видат на местото претседател на државата. На прво место се наоѓа Том Хенкс. Иако долги години е актер и глумел во безброј филмови, никогаш немал улога на претседател, но ете, јавноста токму него го гледа како потенцијален лидер на нацијата.
Еве ја целата листа на сајтот
- Том Хенкс
- Елен Џенерис
- Морган Фриман
- Џон Стјуарт
- Двејн Џонсон
- Опра Винфри
- Клинт Иствуд
- Стивен Колберт
- Чак Норис
- Били Нај
На листата се најдоа и Мишел Обама, Тејлор Сфивт, Снуп Дог,Бил Гејтс и др.