Излегла да го прошета кучето и пронашла бебе во одвод
Шармејн Киви го шетала Џорџи кога наеднаш кучето застанало пред еден затворен одвод и почнало да лае. Одводот бил покриен со бетонска плоча, а под неа се слушало тивко цимолење.
“Отпрвин си помислив дека е маче. Џорџи не престануваше да лае. Се обидов да ја кренам плочата, но беше премногу тешка. Насекаде имаше големи црвени мравки. Излегов на главната улица и запрев една кола. Човекот излезе и ми помогна да ја дигнеме плочата. Кога го видовме бебенцето, бевме шокирани. Девојчето беше помодрено и голо. Полека ја кренав, се плашев дека е повредена. Веднаш повикавме брза помош, ” раскажува жената.
Бебето било пренесено во болница, каде е констатирано дека има проблеми со дишењето. Веднаш било ставено на инфузија.
“Господ ми го покажа патот до тоа дете”, вели Шармејн.
” Со Џорџ секогаш се шетаме по другата патека. Овојпат, сосем ненадејно, ја сменивме рутата. Немам објаснување, но мислам дека ова е божје чудо, провидение. Господ сакаше јас да го најдам тоа девојче,” раскажува жената.
Полицијата на Порт Елизабет, Јужна Африка, покрена истрага за случајот и објави апел за пронаоѓање на мајката, но засега никој не се јавил. Во меѓувреме, состојбата на бебето кое го доби името ” Грејс Април” , е подобрена, а социјалните служби прават напори детето да биде згрижено во семејство.