Тетово “рај“ за извршители на злодела против природата
Местото кое може да се смета како “рај“ за лицата кои што вршат злодела против природата е Тетово. 70.000 жителите на овој град се заштитени со само 4 еколошки инспектори. За една година, овие инспектори санкционирале 15 загадувачи. Од Општина Тетово продолжуваат да го кријат нивниот идентитет, сепак ветуваат дека идната година ќе ангажираат поголем број еколошки инспектори, признавајќи дека нивниот сегашен број е мал, пишува „Порталб.мк.“
„Порталб.мк“ со години пишува за феноменот на не наоѓање на лицата кои палат отпадоци во Тетово, бројот на лицата кои што имаат задача да ги најдат и санкционираат овие сторители е исклучително мал.
Во еден од градовите кој неколку пати триумфирал со загаден воздух и со 70.000 жители, бројот на “полицајци“ за загадувачите на воздухот кои што функционираат во рамки на Општина Тетово е 4.
Од Општинскиот инспекторат не го коментираат нивниот мал број, само рекоа дека овие лица работат деноноќно да ги пронајдат вистинските загадувачи на градот.
“Инспекторите се нонстоп присутни во терен, дури од почетокот на минатиот месец почнавме и со контроли во текот на денот како и со продолжено работно време. Инспекторите на терен се од 10 часот наутро до 10 навечер” истакна Гзим Ганиу, началник на Општинскиот Инспекторат во Тетово.
Иако за една година овие инспектори ирекле само 16 казни, од Општината Тетово нивното досегашно работење го оценуваат како коректно, признавајќи дека сегашниот број на еколошките инспектори е мал.
“Вистина е дека 4 еколошки инспектори се малку, и бидејќи сме свесни за ова во планот за вработување за следната година ќе предвидиме зголемување на нивниот број. Ќе разгледаме и други варијанти за зголемување на нивниот број. Ќе разгледаме и други варијанти за овластување на нивните надлежности таму каде нема да бидеме во можност за огласување на работни места“ рекоа од оптина Тетово.
На нашето прашање за тоа колку казни имаат изречено овие инспектори за 2019 година, од Општина Тетово ни рекоа дека „Бројот на казни е 16, а толкав треба да е и бројот на опомени“.
Случаите чии што сторители останаа неоткриени заради неспособноста на инспекторатот за животна средина се палењето на тетовската депонија, палењето на отпадоците кај населбите “Блок 70” и “Дарданија”, палењето отпацоди во “Ромската населба”, како и многу други случаи кои граѓаните постојано го пријавуваат на “E-report” бидејќи бројот објавен на веб-страницата на Општината (0800-55-043) за пријавување на овие случаи е нефункционален.