Игор Љубовчевски: Секогаш сум бил фасциниран од човечкото тело

ИгорЉубовчевски е уметник, наша aвангарда. Завршува средно уметничко училиште во Скопје,а дипломира на Факултетот за ликовна уметност, отсек графика во Скопје. Како особено талентиран студент добива стипендија од Јапонската амбасада во Македонија. Има реализирано неколку самостојни изложби во странство и во Македонија, а добитник е на наградата за “Стрип деби ѕвезда на годината” за 2016 година.

Уметничкото творештво на Игор се карактеризира со извонреден хипер-реализам. Неговиот фокус се емотивните состојби начовекот, насликани со исклучителна вештина, преку необичен говор на телото.

 

Радар:Имавте ли свои музи низ животните етапи, ви го поставувам ова прашање оти во вашите цртежи доминираат ликови со различни експресии?

“Муза не ми била некоја специфична личност, туку за мене интересно за обсервација ми било човечкото тело. Секогаш сум бил фасциниран од човечкото тело и од безбројните можности, гестикулации,  преку неговиот облик и неговата поставеност да рефлектирам емоции”.

Радар:Интересно е кога емоцијата може да се претстави преку слика, на пример кога крикот е толку добро насликан што може да се доживее од глетка без да се слушне глас..итн. Која емоција највеќе сакате да ја сликате и зошто ?

Највеќе сакам да го претставам човечкиот “пркос” и непомиреност пред секојдневните предизвици во животот со кои се соочуваме сите. Човечкиот ” пркос” може да бидат емоции во таа секојдневна центрифуга во која се наоѓаме, како на пример длабока емпатија, предаденост, рамнодушност и антагонизам.

Радар: Дали овие ликови се реални или можеби се измислени ?

Јас творам и портрети од реални ликови каде што настојувам да ја доловам есенцијата на карактерот и емоциите. Понекогаш работам и имагинарни ликови каде што претставувам некаква душевно емотивна состојба. Можеби во тие моменти на творење сум и еден приемник на колективната потсвест од сето она што субјективно го забележувам и доживувам”.

Радар: Уметниците се авангарда, бунтовници во едно општество, тие се предводници на нови идеи, тие треба да ги бришат границите, или ѕидовите што ги создавме околу себе, да бидат глас на совеста, има ли таков уметнички глас во нашата земја?

Забележувам дека има обиди кај повеќето активни уметници да предочат, исмеат или насочат, важни прилики и состојби во нашето секојдневие. За жал имам и колеги кои немаат мотивација за обид, а самото тоа е еден вид на бунт.

Радар: Работевте и како камерман во националните телевизии, што е поинтересно кога со четката креирате ликови, или кога ликовите ги гледате и создавате слика преку една друга диоптрија- камерата?

Фотографијата и љубовта беа дел од моето школување. Често пати се доживував себеси како се обидувам со камерата да го доловам истото како и со             четката. Сепак мој печат и лично задоволство е да се изразам преку ликовната уметност и нејзините безброј можности.

Радар: Се обидовте и со илустрација на стрип, прв обид и веднаш добивте награда какво беше ова искуство?

“Пораснав со стриповите и со самото натпреварување и се оддолжив на мојата детска фантазија и ми беше посебно задоволство,  а наградата посебно драга”.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

One thought on “Игор Љубовчевски: Секогаш сум бил фасциниран од човечкото тело

  • 16/02/2018 at 11:27 pm
    Permalink

    Prekrasni dela. Bravo Igor!

Comments are closed.

Translate »