И мажите застанаа пред излог: Голем интерес за попустите во East Gate Mall

Ако прошетате низ трговскиот центар East Gate, неделава ќе можете да забележите особено големо присуство на мажи пред излозите на продавниците. Заинтересирано разгледуваат, бираат и бараат нешто за себе… Но, зошто?

Затоа што на 13-ти овој месец во East Gate Mall, започна „Неделата на татковците“, попусти вo продавниците посветени на мажите кои ќе траат до 19.06 (недела), и ќе кулминира истиот ден со прослава на глобалниот Ден на татковците.

Во текот на оваа недела, која East Gate ја посвети на татковците, во трговскиот центар ќе можете да најдете специјални понуди во Hugo, Tommy Hilfiger, Gant, Timberland, XYZ, Fashion and Friends, Springfield Man Dan John, Zara Man, Masimo Dutti Man, Mango Man, FabuSpot for Man, Cosmo for Man, Reserved for Man, Bark, Mond, Gabiacci, Giotelli, Kigili, Tudors, Bozinovski, My Time, Saat&Saat, Hronometar, B Watch, House, Cropp, Nike, Adidas, Intersport, Beosport, Converse, Motocentar, Neptun Еlectronics, Palestra Fitness Centar Man, Krusel алати и многу други активности и подароци за нашите тивки херои.

Дојдете заедно во East Gate Mall и направете фото спомен во позадината на молот, учествувајте во избор за најдобра фотографија или пак посетете ја изложбата на супер кул автомобили, во која заедно ќе уживате.

Специјалното изненадување е оставено за викендот, кога во деновите помеѓу 17 и 19 јуни, за секоја приложена сметка од над 1.000 денари, ќе добиете уникатен подарок – карикатура од вашиот татко, која можете да му ја подарите за Денот на таткото. Сè што треба да направите е само да се прошетате низ молот и да го побарате карикатуристот, а тој ќе се погрижи за сè останато.

Ајде да им покажеме на татковците колку ги сакаме, колку ни се тие важни и потребни! Дојдете во East Gate Mall и забавувајте се со вашиот татко, подарете му нешто што ќе му значи и израдувајте го за Денот на татковците. И нека овој празник прерасне во традиција!

Најдете ги понудите на: https://eastgatemall.mk/fathers-day/

Translate »