Курц беше пречекан со погрешно знаме
Грешки во протоколот при пречекот на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој денеска е во официјална посета на Република Македонија. Тој беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата. Премиерот Зоран Заев го однесе гостинот пред построената гарда, и изгледа никој не забележа дека знамето е погрешно. Знамето први го забележаа австриските новинари. Инаку австриското знаме е поделено на три еднакви половини, а на изложеното знаме пред владата забележаа дека белата средна лента е потесна. За време на прес конференцијата кога говореше премиерот на почетокот немаше тон.
Австриското знаме: