Трајче Петковски: Да танцуваш не е страшно, туку е природно и забавно
Трајче Петковски е урбан лик од Скопје, основач на училиштето за хип хоп и модерни танци “Брејк а Лег” од Скопје. Индивидуа која смета дека музиката и танцот се најдобриот начин за опуштање и ширење на позитивна енергија, за враќање на насмевката на лицето. Танцот е уметност во движење, чин кој буди силни емоции и чувства, и преку кој се испраќаат силни општествени пораки.
Пораки праќаме преку танцот но и преку начинот на кој изгледаме. Јас преферирам да носам лежерна, комотна гардероба која не ме ограничува, а сепак да изгледам убаво. Во друга прилика го преферирам неформалниот стил на облекување, не се водам по некои трендови, сакам да имам избор. Јас лично го преферирам урбаниот стил на облекување, и тука ептен ме погодуваат неколку модни брендови, кои се наоѓаат во „Ист Гејт Мол“, каде овие денови има големи попусти за мажи, како дел од „Неделата на татковците“.
”Сакаме да го доближиме танцот до луѓето не само како уметност, туку и како дел од нивниот живот. Затоа настапуваме и на отворено, како и на некои алтернативни локации. Ист Гејт Мол ја препозна убавината на танцот, и ни овозможи во неколку наврати да настапуваме во овој прекрасен објект пред посетителите, а нашите видеа да станат вирални, да се споделуваат и да шират позитивна енергија. Да танцуваш не е страшно, туку е природно и забавно, го освежува духот и телото, и сите ние треба што почесто да танцуваме” вели Трајче.
Во “Брејк а Лег” тренираат околу 400 танчери од различни возрасти, од 4 годишна возраст па се до 50 години. За сите нив танцот е директно поврзан со ендорфинот или хормонот на среќата, кој ни го подобрува расположението и е одличен лек против стресот.