Некои пазаруваат во странство, Влатко Лозановски се облекува од Ист Гејт
Пејачот Влатко Лозановски секогаш внимава како изгледа, вели дека тоа е дел од естрадниот живот. Мораш секаде да си стокмен оти луѓето веднаш ќе ти забележат. Не можам да кажам дека следам некои трендови, но некако природно на периоди ми доаѓа одреден стил.Некои мои колеги одат во странство да пазарат облека, јас се облекувам од Ист Гејт.
Бидејќи носам очила, многу работи при изборот на облека зависи од нив. Работите ми се многу олеснети бидејќи ,,Диоптра,,ми се добри пријатели, и секогаш ми помагаат околу изборот. А кога одам во Ист Гејт Мол, имам неколку продавници кои ми се “must” на листата за посета. А оваа среда дефинитивно времето ќе го поминам таму. Во тек е „Неделата на татковците“ или недела на мажите која ќе трае до 19.06, со одлични попусти, подароци и изненадувања. Она што мене ме интересира е и изложбата на супер кул автомобили, што посебно ме радува.
Да се изгледа добро не е привилегија само на јавните личности. Да тие почесто се изложени на критики, коментари па поради тоа и повеќе внимаваат, но притоа не треба да заборавиме нешто што е најважно: а тоа е дека независно колку сме познати, се што правиме, правиме пред се за себе! И изгледаме убаво или лошо за себе. А облеката знае да направи да се чувствуваме подобро!