5 забавни серии што ќе ви го исполнат слободното време овој март

Сериите секогаш се добар и квалитетен избор за исполнување на слободното време. Токму затоа, денеска споделуваме со вас 5 предлог-серии кои може да ги погледнете ексклузивно на SkyShowtime.

HackervilleКога трагите за еден хакерски напад на голема германска банка ќе доведат до Романија, експертката на БКА за киберкриминал Лиза Мец (Ана Шумахер) ја испраќаат од Франкфурт во Темишвар, нејзиниот роден град, за да работи со локалните истражители. Пристигнувајќи во земјата која ја напуштиле нејзините родители кога била мала, Лиза открива дека истовремено ѝ е далечно позната и крајно туѓа. За првпат во животот, мора да се соочи и со мрачното минато на своето семејство. Културолошкиот судар најмногу се чувствува меѓу неа и локалниот полициски службеник од Темишвар, Адам Сандор (Анди Васлуиану), назначениот партнер во истрагата, кој размислува сосема поинаку, што длабоко ја фрустрира Лиза… а чувството е обострано. 

Ruxx

„Ruxx“ е драма за современите врски која ја истражува младата генерација Романци кои живеат во земја заглавена помеѓу минатото и иднината. Во нејзиниот фокус е истоимениот лик, Рукс (Ралука Апроду). Таа ја балансира својата напорна кариера работејќи за најпознатиот инвеститор за недвижности во Букурешт со обидите да ги следи другите приоритети во својот живот: издржување на семејството и одржување врска на далечина со љубовникот во САД. Рукс се обидува да замине од Романија и да оди во Лос Анџелес, но животот кова заговор против неа, и таа е вовлечена во најголемиот проект на својот шеф досега: изборната кампања на неговата сопруга за градоначалник на Букурешт.

Rabbit Hole

Шпионска трилер-серија која ја раскажува приказната за Џон Веир (Кифер Сатерленд), мајстор за измама во светот на корпоративната шпионажа, кој е наместен за убиство од моќни сили способни да влијаат и да го контролираат населението.

Law & Order Season 22

Од извршниот продуцент и креатор Дик Волф, легендарниот добитник на наградата Еми, оригиналната „Law & Order“ се враќа да го продолжи историското наследство со сосема нова сезона на современи случаи инспирирани од најголемите светски настани на денешницата. Со нови ѕвезди и со истите омилени актери, легендарната драма наградена со Еми го следи класичниот дводелен пристап и ги прикажува полицијата која го истражува криминалното дело и окружните адвокати кои кривично ги гонат престапниците.

Funny Woman

Комедија заснована на бестселер романот на Ник Хорнби, „Funny Girl“ која ја раскажува приказната за убавицата од Блекпул, Барбара Паркер (Џема Артертон), која се обидува да се пробие во Лондон во екот на возбудливите 60-ти. Хуморот на Паркер се покажува како нејзина најголема предност и таа го редефинира она што значи да се биде забавна жена.

The Black Phone

Фини, срамежливо, но паметно 13-годишно момче, е киднапирано од садистички убиец и е заробено во звучно изолиран подрум од каде што е залудно дури и да вреска. Кога исклучениот телефон на ѕидот почнува да ѕвони, Фини открива дека може да ги слушне гласовите на претходните жртви на убиецот. И тие се подготвени да се погрижат она што им се случи ним да не му се случи на Фини. Со Итан Хок, актерот четирипати номиниран за Оскар, во најстрашната улога во својата кариера, и со Мејсон Темс во својата прва филмска улога, „The Black Phone“ е филм во кој Скот Дериксон (сценарист и режисер на „Sinister“, „The Exorcism of Emily Rose“ и Марвеловиот „Doctor Strange“) е продуцент, режисер и косценарист.

За SkyShowtime

SkyShowtime е следниот голем стриминг сервис во Европа, кој е лансиран на преку 20 пазари, во преку 90 милиони домаќинства. Сега достапен во Албанија, Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.

Заедничката соработка на Comcast и Paramount Global, SkyShowtime ви ја носи најдобрата забава, филмови и оригинални серии од брендовите на Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock. SkyShowtime ќе понуди и бројни содржини од локална продукција, како и SkyShowtime Original играни серии.

Translate »